Струга првпат на мегдан со шампионот, Шкендија нема да штеди сили за Вардар

Со две победи, извојувани на „Градскиот стадион“ во Тетово против Ренова и Работнички, Шкендија полека бега од дното и фаќа приклучок кон врвот на ПМФЛ. Водени од Селими, шампионите на Македонија попладнево ќе се соочат со Сртуга Трим Љум која подолго време не знае за победа, а и нивото на игра од домашните натпревари во август опадна.

Предвидени се неколку промени во офанзивниот дел и веројатно ротација на тетовчани со оглед на тоа што в среда следи првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија против Вардар. 

„Сигурен сум дека овој тим може уште многу да напредува и верувам дека ќе се вратиме на вистинскиот пат“, велеше Селими по победата во средата над Ренова.

Враќањето на Бесарт Ибраими треба да значи убоитост во нападот, а се чека подобрување на формата и кај Стенио Жуниор, Фелип и Агим Ибраими. Од почетокот на сезоната не се гледа квалитативното ниво кое Шкендија треба да го покаже за значително да дели од останатите македонски клубови.

Игор Стојчевски од Скопје ќе ја дели правдата на првиот дуел меѓу Шкендија и Струга Трим Љум во ПМФЛ.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 6 2 1 12:3 9 20
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 9 5 3 1 9:2 7 18
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 9 4 3 2 12:7 5 15
4 РеноваРенова 9 4 1 4 8:10 -2 13
5 ШкупиШкупи 9 3 4 2 9:7 2 13
6 ШкендијаШкендија 9 3 2 4 8:6 2 11
7 РаботничкиРаботнички 2 9 3 1 5 7:11 -4 10
8 СилексСилекс 1 9 3 0 6 9:13 -4 9
9 БорецБорец 1 9 2 2 5 7:15 -8 8
10 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 9 2 2 5 8:15 -7 8