ВИДЕО: Струга надиграна во Тетово, Шкендија ја сочува минималната шанса за титула!

Eкипата на Шкендија им се врати на победите во домашниот шампионат и во дербито со Струга Трим Лум славеше рутински со 3-1 и ги сочува минималните шанси за одбрана на титулата во Првата македонска фудбалска лига. ​

Натпреварот почна со активна игра, двете екипи вршеа пресинг на половините и играа динамично, а на првиот гол на мечот се чекаше до 24. минута. Дефанзивецот на Струга, Бојан Илиевски, беше невнимателен и одзади го турна Ендрит Красниќи во казнениот простор, па следеше пенал. Токму Косовецот ја презеде одговорноста и донесе 1-0 за фаворитот на хартија.

Струга не чекаше долго, затоа што брзо израмни на 1-1. Тоа беше кога по една одбиена топка од дефанзивците, добра реакција имаше Стефан Јевтовски. Играчот на стружани ја заби топката во голот на Гаје, за враќање на својот тим во игра.

За ново водство на мечот, Шкендија чекаше до 39. минута, по еден корнер. Од десната страна изведе Красниќи, а во срцето на шеснаесетникот осамен беше Ислами, кој со шут по земја го совлада Ангелети и донесе 2-1 за тетовчани, што беше резултат и на паузата.

Стартот на вториот дел големо возбудување пред гостинскиот гол и атракција на Нзенгуе, но погодокот на фудбалерот од Габон беше поништен поради офсајд. Ситуацијата се гледаше и во ВАР собата, од каде само ја потврдија одлуката на судиите на теренот. Само една минута подоцна, голема шанса и на спротивната страна. Зенделовски одлично ја прими топката во казнениот простор на противникот и биеше прецизно, но Гај беше на висината на задачата и со парада спаси ново израмнување на стружани. 

Отворената игра продолжи, а тоа донесе уште еден погодок во Тетово, со кој беше ставено печат на победата на домашните фудбалери. Во 69 минута Мазари биеше неодбранливо за Галети и ги постави конечните 3-1. Со оваа победа Шкендија ја потврди втората позиција на табелата, а и останува во шампионската трка со лидерот Вардар, кој денес со 2-1 славеше над Силекс. Тетовчани на две кола до крајот на сезоната имаат шест бода помалку од најтрофејниот, што значи дека на Вардар му е потребен само уште еден бод за да ја врати титулата во своите витрини.