Струга ќе игра Лига на шампиони на теренот во Охрид

Екипата на Струга Трим Љум како шампион на Македонија се најде во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите каде ќе се соочи со Слован Братислава од Словачка.

Ждрепката на стружани им го додели најтешкиот ривал од сите понудени. Првиот натпревар ќе се игра во Братислава, додека вториот ќе биде во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Првиот меч меѓу Слован и Струга се игра на 10 јули, додека реваншот во Македонија е закажан на 17 јули од 17:00 часот.

Победникот од овој квалификациски двомеч во второто коло на Лигата ба шампионите ќе игра со Флора Талин или Целје, додека поразениот патува во Конференциската лига каде го чекаат Динамо Минск или Пјуник.

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони