Струга го засили тимот со лев бек од Косово

Струга Трим Лум промовира уште едно ново засилување за новата сезона во ПМФЛ која веќе започна. 

Нов член на двократниот македонски првак е Кендрим Исмајли. Станува збор за 27-годишен лев бек кој доаѓа од редовите на Теута од Албанија. Тој може да покрие повеќе позиции на теренот и ќе понуди доста за тимот предводен од Бледи Шкемби

Во својата кариера Исмајли настапуваше за Ѓилан во Косово, како и за Тирана и Фљамуртари во Албанија. Предизвикот во Струга ќе му биде прв во мак-фудбалот. 

Претходно Струга го засили тимот со Ландрит Рама, Андреј Јовчевски, Егзон Белица, Амир Нухија, Блерон Рамадани и Хамонд Агамах.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.