• Мартин Танасковски
Екипата на Струга Трим Љум има старо-ново име меѓу стативите затоа што пак потпиша договор со голманот Ведран Ќосевски.
29-годишниот чувар на мрежата беше стандарден меѓу стативите, но откако Струга го донесе Филип Дујмовиќ од БиХ, следеше разделба на двете страни. Постоеше можност Ќосевски да се врати во екипата на Железничар од БиХ каде настапуваше претходно.
Сепак, не дојде до такво нешто, Ќосевски беше слободен на маркетот, а стружани решија да го вратат на голот и да го наградат со тригодишен договор до 2027 година.
Ќосевски минатата сезона во ПМФЛ одигра 30 натпревари во дресот на Струга.