• Мартин Танасковски

Екипата на Струга Трим Љум продолжи со контролните натпревари и забележа победа над молдавски Петрокуб (3-0) во рамки на подготовките во Анталија.
Лидерот во ПМФЛ имаше убедлива партија против еден од најдобрите клубови од Молдавија. Погодоците за македонскиот тим ги постигнаа Кочоски, Укпа и Јахја. Захариевски ги испроба сите играчи и ја воига екипата на последниот тест на турско тло. Следен дуел за стружани е против Воска Спорт во Македонија.
Триумф на подготвителните натпревари забележа и Борец, кој беше подобар од Вардар Неготино со 3-1. Тренерот Никола Карчев им даде шанса на сите играчи кои беа во протоколот и велешани беа поумешни во завршницата. Следен дуел на Борец е против Локомотива Пехчево во вторник.