Струга ТЉ го доби еден од најтешките ривали во првото квалификациско коло во ЛШ

Втора година по ред екипата на Струга Трим Љум ќе биде единствениот македонски претставник во фудбалската Лига на шампионите. 

Денес, во просториите на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за првото квалификациско коло во елитното натпреварување. Нашиот шампион во оваа ждрепка се најде во групата 1 и тоа како неносител, па за свој противник го доби Слован Братислава, тим кој беше еден од најнепосакуваните за нашиот шампион.

На дебито во Лигата на шампионите, минатата сезона, Струга беше елиминирана уште во првото коло од литвански Жалгирис.

Првиот натпревар се игра во Словачка на деветти или десетти јули, додека реваншот во Македонија е една седмица подоцна. Поуспешниот тим од овој двомеч го продолжува натпреварувањето во второто коло од Лигата на шампионите, додека поразениот се префрлува во второто коло од Конференциската лига.

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони