ВИДЕО: Струга ги скроти „лавовите“ и сонува за „двојната круна“

Екипата на Струга Трим Љум успеа да слави над Македонија ЃП (2-0) и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Стружани ја бранат титулата во ПМФЛ, а оваа година сакаат „двојна круна“ со успех и во Купот, иако ќе биде тешко затоа што конкуренцијата е голема.

До победата над Македонија ЃП, фаворитот во градот крај езерото дојде со два гола. Прво погоди Таири во 25. минута, а точка на триумфот стави Кехинде со погодок пред самиот крај на натпреварот.

Струга ТЉ ќе го добие ривалот во четвртфиналето на ждрепка во ФФМ.