Струга ги дозна потенцијалните ривали во квалификациите за ЛШ

Комплетирањето на сезоната во европските лиги и официјално го затвори кругот на потенцијални противници на Струга Трим Љум во квалификациите за Лигата на шампионите. 

Иако веќе горе-долу беа познати сите имиња, имаше две промени. Ференцварош и Карабах наместо во првото, ќе тргне во второто квалификациско коло, а меѓу потенцијалните ривали на стружани влета босански Борац Бања Лука.

  • Потенцијалните противници на Струга во квалификациите:

Најнеповолни ривали веројатно би биле поранешниот европски првак Стеауа, бугарски Лудогорец, Слован Братислава... Најповолни противници се екипите од Гибралтар, Велс, Молдавија и Косово.

Ждрепката за првото квалификациско коло ќе се одржи на 18 јуни. Двомечот, пак, се игра на 9-10 и 16-17 јули.

Најнови вести од
УЕФА Лига на шампиони