Струга донесе екстра-име, потпиша со Флорент Османи

Екипата на Струга Трим Љум донесе прво засилување во зимскиот преоден рок и потпиша договор со Флорент Османи.

Османи, кој има 30 години, важи за играч со прволигашко искуство, а доаѓа од редовите на Гостивар. Таму беше важен играч во есенскиот дел од сезоната, но и покрај тоа реши да направи промена и да замине во тимот на Беќири.

Напаѓачот кој има настапувано за Шкупи, Скопје, Велазерими, Лирија... со Струга Трим Љум потпиша договор во времетраење од година и пол. Од таборот на стружани велат дека ова нема да е нивно последно засилување.

Струга Трим Љум има амбиции за влез во ПМФЛ, но ја чека голема борба во Втората лига-Запад, за местата кои водат до елитата.