Струга ако испадне од ЛШ оди во Минск или Ереван во КЛ, Шкендија на Малта, Тиквеш против Дрита!

Македонските претставници во Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија, ги дознаа можните ривали за второто квалификациско коло.

По воведната ждрепка во понеделникот, денес во седиштето на УЕФА во Нион се одржаа онаа за втората фаза. Така, во случај на успех на Тиквеш против Бреидаблик од Исланд, кавадарчани во второто коло ќе се судрат со Дрита од Косово. 

Шкендија, пак, ќе стартува против Ноах, а доколку ерменскиот тим биде елиминиран во Македонија ќе гостува Слиема Вондерес од Малта.

Во случај шампионот Струга Трим Љум да биде елиминиран од Слован Братислава во Лигата на шампионите, тогаш се префрлува во Конференциската лига и за противник ќе го има поуспешниот од Динамо Минкс и Пјуник.

Првото коло од квалификациите за Конференциската се играат на единаесетти јули, а реваншите се закажани за по седум дена.