• Саше Љолес
Новиот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари.
Откако стана јасно дека со Седлоски ќе соработуваат Борче Христов, Ерхан Селими и Гого Јовчев, кон тимот се придружуваат и поранешните репрезентативци - Ванче Шиков и Зоран Бошковски - Чоко.
Од Седлоски и неговите соработници се очекува добро претставување на Македонија во плеј-офот за Светското првенство, како и на претстојните пријателски натпревари кои ќе се одиграат во следниот период.
За потсетување, Македонија на 26 март ќе излезе на мегдан со силната Данска, во обид да стигне до уште еден финален натпревар за пласман на планетарниот собир.



