ВИДЕО: Стразбур преку пресврт го среди Нант за прва победа во Лига 1! 

Екипата на Нант беше на работ да ја продолжи позитивната серија во Лига 1, но не го издржа налетот на Стразбур и на гости го запиша вториот пораз во новата сезона на францускиот фудбал (2-1).

Оваа победа на домашните фудбалери беше и премиерна во сезоната, а до истата стигнаа преку пресврт, откако во првиот дел имаа негатива од 0-1.

Кулибали во 28. минута донесе радост за своите фанови и водство на Нант од 0-1. Но, Стразбург не се предаде и во вториот дел заигра поквалитетно и преку Линард и Аркуе стигна до голема победа и значајни три бода на своето конто. 

Програмата од шестото коло на Лига 1 продолжува утре со нови шест натпревари, додека за в недела во вечерниот термин од 21:00 часот е закажано големото дерби меѓу Лион и ПСЖ