Стразбур му откина два бода на Марсеј на „Велодром“

Фудбалерите на Олимпик Марсеј и Стразбур одиграа натпревар без победник (1-1), во рамките на 18. коло на француската Лига 1. 

Гостинската екипа на „Велодром“ успеа да поведе со голот на младиот напаѓач Емануел Емега во 23. минута од натпреварот. Оваа предност Стразбур ја бранеше до полувремето и половина од второто, а тогаш домашните добија пенал. 

Израмнување за Марсеј донесе Мејсон Гринвуд кој го реализира ударот од 11 метри во 68. минута. До крајот на средбата иако фаворитот се наметна и притисна, не успеа да направи пресврт. 

Уште две средби денес во француското првенство завршија со резултатот 1-1, а тоа беа дуелите на Сент-Етјен против Нант и Ремс со Ле Авр. Победа забележа само Анжер против Оксер (2-0).

Состави

Roberto De Zerbi

3-4-2-1

    Лиам Роузниор

    4-4-1-1