Стразбур лесно се справи со Ница и сонува за пласман во европските купови

Екипата на Стразбур се избори за дванаесеттиот сезонски триумф, откако славеше со сигурни 3-1 (3-0) над Ница во натпреварот од 28. коло на француската Лига 1. 

Трите бода беа обезбедени со три гола во првото полувреме, а стрелци за домашниот тим беа Марсиал Годо, Хулио Енцисо и Самир Ел Мурабет. Ница успеа да постигне почесен погодок во финишот на мечот, преку Антоан Менди, кој воедно ги постави конечните 3-1. 

Стразбур е повеќе од сигурен на осмото место на табелата со 43 бода, а Ница останува прва над опасната зона, каде има пет бода повеќе од Оксер, кој е загрозен за испаѓање во втората француска лига.