• Зоран Мишевски
Англискиот стручњак Гари О’Нил е назначен за нов тренер на Стразбур, објави францускиот клуб. Гари О’Нил го заменува Лиам Розениор, кој ја презеде функцијата во Челзи. Деталите од договорот не се откриени, но француските медиуми објавија дека О’Нил ќе биде тренер на Стразбур до јуни 2028 година.
„Горд сум што се приклучив на овој неверојатен клуб. Стразбур има единствена историја, извонредна страст и лојални навивачи кои сакаат да го видат овој тим како игра атрактивен фудбал. Имаме квалитетен тим и јасни амбициозни цели за оваа сезона. Мој приоритет е да работам напорно со тимот и да дадам сè од себе за успехот на клубот“, изјави О’Нил.
Англискиот тренер претходно ги водеше Вулверхемптон и Борнмут, а е без работа од декември 2024 година. О’Нил ќе го има своето деби на клупата на Стразбур во сабота во натпреварот од осминафиналето на францускиот Куп против Авранш. Стразбур моментално е седми на табелата во француското првенство со 24 бода.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.











