Стравични сцени од Катар: Работници „умираат“ за изградба на стадионите за СП (ФОТО)

Катар

Брутални фотографии се раширија на социјалните мрежи, кои ги покажуваат условите во кои работниците ги градат стадионите и објектите, кои треба да бидат дел од Светското првенство 2022 година во Катар.

Високите температури и горештините не се испречуваат на проектот преку кој е најавен најмодерниот Мундијал досега. Платата на работниците исто така е запрепастувачка – 12 фунти на ден!

Тие имаат мал простор каде што ја прават својата пауза. Тоа е место, не поголемо од автобуска станица, кое им овомозможува разладување од жештините. Нивното работно време е 10-11 часа на ден, на температура која редовно изнесува 39 целзиусови степени.

Ваквите брутални услови резултираат со смрт на многу работници. Нивните семејства немаат право на паричен надоместок, ниту пак добиваат соодветно објаснување што се случило со нивниот близок.

Јавноста сепак не посветува доволно внимание на оваа тажна приказна, која ја натера репрезентацијата на Норвешка да протестира со маички со натпис пред своите натпревари во квалификациите за СП 2022.