ВИДЕО: Жестока тепачка во Ливерпул, полицијата ги смируваше Дукуре и Џонс!

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра и желба за победа, а истото се потврди и на последниот дуел, на кој проследивме физичка пресметка меѓу Абдулаје Дукуре и Куртис Џонс. 

Двајцата се степаа веднаш по завршувањето на мечот, по што притрчаа и други играчи кои направија дополнителна мешаница, па затоа главниот судија Мајкл Оливер мораше да реагира со два црвени картони. 

За среќа, ситуација не ескалираше дополнително и потоа страстите се смирија, а Ливерпул мораше да се помири со реми, иако имаше водство скоро до последната секунда од натпреварот. 

Во брза акција влетаа стјуардите и дел од полициските службеници, а сериозна расправија со судијата имаше и тренерот на „црвените“, Арне Слот

Состави

Дејвид Мојс

4-2-3-1

    Арне Слот

    4-2-3-1