ВИДЕО: Страста за Атлетико посилна од сè - еве како се следеше финалето на „Ванда Метрополитано“

Точно 25.653 гледачи кои не стигнаа до вредното парче хартија да го бодрат Атлетико Мадрид во Лион, се собраа на „Ванда Метрополитано“ да го следат финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј.

Беше многу забавно и емоционално, а по победата од 3-0 уште долго се славеше третиот трофеј од Лига Европа.

Погледнете како фановите на Атлетико Мадрид го следеа финалето на џиновски видео-бим на „Ванда Метрополитано“: 

Доцна во ноќта новите освојувачи на Лига Европа ќе пристигнат на аеродромот „Сибелес“ во Мадрид.