• Саше Љолес
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, се онесвести во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг, кој баварскиот тим го доби со 3-1.
Мусиала го постигна третиот гол за Баерн во 81. минута, а само неколку минути подоцна загуби свест на теренот на „Алијанц Арена“. Прв до него притрча соиграчот Исмаел Сајбари, по што веднаш реагираа и лекарските екипи.
По укажаната помош, Мусиала го напушти теренот со несигурен чекор и видно вознемирен. За Баерн ова беше претпоследниот тест пред почетокот на сезоната. Последниот подготвителен натпревар баварскиот гигант ќе го одигра во вторник против Хајденхајм.
Новата сезона Баерн ќе ја отвори следната сабота со натпреварот против Борусија Дортмунд во Суперкупот, додека одбраната на титулата во Бундеслигата ќе ја започне на 28 август против Штутгарт.







