Страшни сцени во Истанбул: Херојски чин на соиграчите, голманот итно пренесен во болница!

Натпреварот од третото коло во турскиот Куп меѓу Галатасарај и Истанбулспор, одигран во Истанбул, ќе се памети по непријатен инцидент, а не по фудбалските случувања на теренот.

По првото полувреме домаќините водеа со 3-1 и изгледаше дека дуелот ќе продолжи во мирен тек, но само неколку секунди по почетокот на вториот дел се случи тежок судир што ја замолкна публиката.

Во дуелот учествуваа Иса Доган и Ахмед Кутуџу. На почетокот се чинеше дека Кутуџу поминал полошо, па неговите соиграчи веднаш му притрчаа на помош, по што тој самостојно го напушти теренот.

Сепак, состојбата на Доган беше посериозна,  тој остана да лежи на тревата, доби прва помош, беше изнесен на носилки и потоа префрлен со возило на Итната медицинска служба.