Хорор во Аргентина: Полицијата пушти солзавец, играчите бегаа, има и жртви (ВИДЕО)

Само неколку дена по трагичните сцени на стадионот во Индонезија, се случи нов инцидент на фудбалските терени. Натпреварот меѓу Химнасија и Есгрима Ла Плата и Бока Јуниорс беше прекинат по хаос на трибините и надвор од стадионот. Имено, гостинските фанови влегоа во клинч со полицијата, која искористи солзавец со цел да ја разбие толпата. 

Сепак, од огромната количина на оваа супстанца, облак од истата се пренесе преку трибините и на теренот. Сцените беа неверојатни, прво играчите беа погодени и во солзи тргнаа надвор од теренот. Потоа следеше инвазија на фановите кои ги прескокнуваа оградите и истрчаа на тревникот, со цел да побегнат од скандалот. 

  • Дел од сцените на стадионот во Аргентина:

Според првичните информации, има барем една жртва и се работи за 57-годишно лице. Овој хаос беше предизвикан откако илјадници навивачи останаа надвор од стадионот со купени билети, почнаа да прават нереди, а полицијата повторно искористи солзавец. Тоа наместо да ја смири ситуацијата, предизвика дополнителни проблеми кои доведоа и до трагедија. 

Во наредните денови се очекуваат нови информации за случката.