Страшни сцени во Алкмар: Бас Дост колабира на теренот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Нијмеген беше прекинат поради страшни сцени. Искусниот напаѓач на гостинската екипа Бас Дост колабираше на теренот, а за среќа преживеа и е во подобра состојба. 

Во финишот на дуелот Дост при трчање назад одеднаш загуби свест и падна на тревникот на „АФАС Стадион“. Бргу околу него се собраа лекарите и сите фудбалери, дел се држеа за глава, дел се обидуваа било како можат да помогнат. Џентлменски гест направија сите играчи кои застанаа околу него, давајќи им простор на лекарите да му пружат помош. 

  • Моментот кога Дост загуби свест:

Според информациите, Дост загубил свест, ама откако интервенираше докторскиот тим тој се стабилизира. Секако, пред него се многу испитувања и можеби и натаму не е во безбедна состојба. Убав гест имаше и од домашната публика, бидејќи целиот стадион му аплаудираше. 

Инаку, Дост прехтодно на натпреварот даде гол и впиша асистенција, а неговиот НЕЦ беше пред триумф од 1-2.