ВИДЕО: Страшната Барселона пукна „петарда“ во мрежата на Бетис!

Екипата на Барселона покажа дека и оваа сезона е главен фаворит за титулата. Тимот на Ханси Флик победи убедливо на гостувањето кај Бетис (5-3), колектив кој е во горниот дел на табелата и е кандидат за местата во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Се чинеше дека мечот ќе има поинаков тек затоа што домашниот тим поведе прв, меѓутоа Барселона не мислеше така. Каталонците дадоа пет парчиња во мрежата на Бетис и остануваат на врвот на табелата во Примера.

Најдобриот играч на „зелените“ Антони постигна гол во 5. минута за Бетис, но потоа следеше „експлозија“ на Феран Торес. Шпанецот даде два гола во две минути, во 11. и 13. минута, за пресврт (1-2), а Баргдџи стрелаше за 1-3 во средината на првиот дел. Пред паузата, Феран Торес го комлетира хет-трикот, додека во вториот дел погоди и Ламин Јамал од пенал. Бетис, пак, преку ветеранот Диего Љоренте и Чучо Фернандез во завршницата го ублажи поразот.

За Барселона ова беше тринаесетта победа во 16 одиграни средби. Бетис, пак, го доживеа третиот пораз, или прв во последните пет кола.