Страшна вест за Ливерпул: Ван Дајк е сериозно повреден, паузира осум месеци!?

Ливерпул запиша нов кикс во Премиер лигата, откако на големото дерби со Евертон одигра само 2-2, во натпревар на кој имаше неколку спорни моменти и рано напуштање на теренот на Вирџил Ван Дајк. 

Холандскиот дефанзивец, кој две сезони е незаменлив во последната линија на Клоп, уште во 11 минута беше приморан да го заврши дербито, затоа што доби незгоден удар во коленото од домашниот голман Пикфорд. 

Засега нема официјална од каков карактер е повредата, но информациите кои ексклузивно ги соопшти „Беин Спортс“ се катастрофални за фановите на Ливерпул. Според истиот медиум повредата на Ван Дајк е сериозна, затоа што се работи за скинати лигаменти на десното коло, а тоа би значело пауза од седум до осум месеци. 

Искусниот дефанзивец веднаш по дербито беше пратен во градската болница во Ливерпул, каде ги изврши потребните прегледи и снимки и истата ја напушти со помош на штаки.