Страшна вест од Србија: Легенда на Партизан си го одзеде животот

Поранешниот српски голман Радиша Илиќ е пронајден мртов. Станува збор за 47-годишник кој во минатото бранеше за повеќе клубови од Србија, но имаше и интернационална кариера. 

Според информациите од српските медиуми, Илиќ е пронајден мртов и веројатно станува збор за самоубиство. Наводно тој скокнал од терасата на својот дом изминатата ноќ. 

Радиша Илиќ започна во фудбалот со Слобода Ужице, потоа бранеше за Партизан, Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Београд, Пансераикос. Потоа уште по еднаш имаше авантура во Борац и Партизан каде што ја заврши кариерата. 

Во вториот мандат во Партизан голманот беше херој на генерацијата која се пласираше во Лигата на шампионите по квалификацискиот двомеч со Андерлехт. Илиќ се истакна во пенал-серијата и стана херој на навивачите, а потоа работеше и како тренер на голманите во овој клуб.