Страшна сценa во ПМФЛ: Играч на Струга итно префрлен во болница (ВИДЕО)

Екипата на Струга Трим Лум остана без еден од играчите, откако Папе Фал со амбулантно возило итно беше префрлен во болница.

Само што влезе во игра, по еден дуел со противнички играч, Папе Фал падна на земја и незгодно ја удри главата. Во еден момент како да беше во бесознание, играчите реагираа веднаш и влезе медицинската екипа.

Папе Фал стана и продолжи да игра, но потоа повторно се пожали на вртоглавица, се фати за еден од играчите и падна на земјата. Веднаш влезе амбулантното возило на терен и го префрли играчот во болница. Нејасно е зошто фудбалерот не беше повлечен од игра уште по првиот момент на удар и како се дозволи тој да продолжи.

Струга Трим Лум ќе се огласи за состојбата на својот фудбалер во следниот период. Папе Фал е 25-годишен лев бек, а во Струга е од јануари 2025 година. Дојде од Летонија каде играше за Лиеапаја, беше дел и од Валмиера, а кариерата ја започна во родниот Сенегал.