ВИДЕО: Страшна повреда на Лорис, ја скрши раката и го чека долга пауза

Екипата на Тотенхем никако да крене глава од проблеми, па на натпреварот против Брајтон во Премиер лигата остана без првиот голман Уго Лорис.

Французинот не го отвори мечот според посакуваното, му подари гол на противникот и падна директно на раката, а според снимката се работи за страшна повреда која ќе го оддалечи подолго време од терените.

Голманот беше изнесен надвор од теренот на носилки и со маска за кислород, а ситуацијата околу повредата дополнтелно ќе се утврдува. На негово место на теренот влезе Пауло Газанига.

Тотенхем игра во лоша форма, а загубата на Лорис е уште еден удар по дебаклот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.