Страшна повреда: Јапонец брутално му скрши нога на ривал од Гана (ВИДЕО)

Францис Абу доживеа навистина страшна повреда во натпреварот меѓу Јапонија и Гана (2-0) кој беше од пријателски карактер и се одигра во Аичи. 

Течеше 51. минута од средбата кога Танака Ао во обид да шутне го удри Абу кој сакаше да блокира и ја стави ногата зад топката. Тогаш Јапонецот го удри со сета сила директно во задниот дел, а на снимката се гледа страшната дислокација на зглобот. 

Веднаш од теренот Абу беше пренесен во болницата во Аичи, каде што се очекува да биде опериран. За сериозноста на повредата и должината на паузата се чекаат информации од таборот на Гана или од неговиот клуб Тулуз.