ВИДЕО: Страшна повреда го прекина мечот Арсими - Силекс во Гостивар!

Натпреварот помеѓу екипите на Арсими и Силекс беше во неколкуминутен прекин, заради страшна повреда на играч на домашните при која мораше да реагира и брзата помош.

Колумбиецот Диего Контрерас од Арсими шутна кон голот на Силекс, а потоа седна на сопствената нога. Следеше дислокација на зглобот, тешка повреда, а на терен се најдоа и медицинските лица.

Контрерас, кој има три гола за Арсими оваа сезона, беше префрлен во болница и се чекаат деталните лекарски прегледи за да се увиди тежината на повредата која изгледаше навистина страшно... На местото на Контрерас, на терен влезе Ибраима Гаје.