Страшен гол во ВМФЛ: Јусуф испрати „бомба“ од слободен удар од 30 метри! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Башкими тргнаа во втората полусезона од ВМФЛ со гостински триумф во Охрид (0-2). 

Гостинот на „Билјанини Извори“ даде еден ефектен погодок, а стрелец беше Алпај Јусуф. Капитенот на Башкими изведе слободен од околу триесет метри оддалеченост од голот, шутна со сета сила и топката доби одлично движење, па го измами домашниот голман.

  • Ефектниот погодок на Јусуф во Охрид:

Со оваа победа Башкими сврте нов лист и стави крај на кризата која го дрмаше на крајот на првата полусезона.