ВИДЕО: СТРАШЕН гол на Вилсон, „Олд Трафорд“ со аплауз го награди фудбалерот на Дерби!

Манчестер Јунајтед доминираше во првиот дел од дуелот против Дерби Каунти во Карабао Купот, но во вториот, тимот предводен од Франк Лампард ја искористи декоцентрацијата кај домашните фудбалери и израмни на 1-1. 

21-годишниот играч за врска Вилсон (кој во Дерби игра како позајмен фудбалер на Ливерпул) доби аплаузи од легендарниот „Олд Трафорд“, откако постигна ретко виден гол од слободен удар. Младинскиот репрезентативец на Велс во стилот на Кристијано Роналдо изведе магија од околу 30 метри и го остави без интервенција искусниот Ромеро. 

По првиот дел Јунајтед имаше предност од 1-0, со голот на Хуан Мата уште во 8. минута.