ВИДЕО: Страшен гол на Парехо, Валенсија дојде до бод во Мадрид

Екипата на Атлетико Мадрид направи нов кикс во Примера и на домашен терен одигра 1-1 (1-0) против Валенсија, за трето коло по ред тимот на Симеоне да биде без победа.

  • Извештај од натпреварот:

По ремијата со Реал Мадрид и Ваљадолид, „јорганџиите“ се лизнаа и со Валенсија, иако имаа предност скоро цела средба. Атлетико имаше иницијатива при предноста од еден гол, а откако не ги искористи шансите, Валенсија го казни тоа.

Сигурен реализатор од белата точка за предност на Атлетико беше најистурениот напаѓач Диего Коста, кој шутираше на спротивната страна од онаа на која се фрли чуварот на мрежата Силесен. Но, во вториот дел, во последните десет минути од мечот, страшен погодок постигна Парехо, кој успеа да даде „проектил“ од слободен удар.

Вреди да се напомене дека пред крајот на натпреварот Валенсија имаше шанса да направи и комплетен пресврт, но Облак го одбрани шутот на Парехо. Гостите го завршија натпреварот и со играч помалку, затоа што Ли доби директно исклучување.

Атлетико се искачи на третото место во Примера со 18 бода, исто колку и второпласираниот Реал Мадрид, а лидер е Барселона со вкупно 19 освоени бода.