• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го одбележа натпреварот во словенечкиот шампионат со вистински ремек-дело, постигнувајќи спектакуларен гол од слободен удар за Олимпија Љубљана.
Иако неговиот тим беше поразен на гостувањето кај Копер со 3-2, моментот на вечерта без дилема му припадна на македонскиот играч. Во 71. минута, Митровски изведе слободен удар од околу 25 метри и со прецизен и силен удар ја смести топката во мрежата, намалувајќи на 2-1. Погодокот беше вистинска мајсторија и го врати неговиот тим во игра.
Олимпија потоа успеа да израмни на 2-2, но во самиот финиш домаќините стигнаа до победнички гол и ги освоија трите бода.

