Страмачони го носи Несторовски во Спарта Прага!?

Екипата на Спарта Прага е сериозно заинтересирана во своите редови да го донесе македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, пишуваат медиумите од „чизмата“.

Популарниот „Нестогол“ јасно даде до знаење дека сака да остане на Сицилија, но за тоа ќе се прашува екипата на Палермо, која во наредната сезона ќе игра во Серија Б.

Од Италија велат дека сериозен интерес за Несторовски има од чешка Спарта Прага, која за нов тренер го именува италијанскиот тренер Андреа Страмачони. Покрај за Несторовски, интерес од Прага има и за Родриго Паласио.

Несторовски, кој има 27 години, изминатата сезона беше најдобар играч на Палермо, но немаше моќ сам да го спаси тимот од испаѓање.