• Зоран Мишевски
Чешкиот шампион Спарта од Прага денес го официјализираше искусниот 33-годишен австриски напаѓач Марк Јанко. Корпулентниот Јанко потпиша договор за следните две сезони со клубот, кој во новата сезона ќе го води Андреа Страмачони.
Јанко во Чешка доаѓа како слободен играч, откако му заврши договорот со швајцарскиот шампион Базел.
Во сезоната која штотуку заврши, напаѓачот постигна 14 гола и имаше 3 асистенции во 33 натпревари во швајцарската лига. Во својата кариера покрај за Базел, Јанко го носеше дресот на Адмира Вакер, Ред Бул Салцбург, Твенте, Порто, Трабзонспор и Сиднеј.
Претходните неколку дена се спомнуваше и името на Илија Несторовски како потенцијално засилување за чешкиот првак.