„Страчките“ за Арсенал се како глинени гулаби, бодовите се неопходни за ЛШ

Њукасл го обезбеди опстанокот во Премиер лигата, па мотив за поволен резултат на натпреварот против Арсенал практично и не постои. Сепак, „црно-белите“ ќе црпат инспирација од тоа што од „топџиите“ загубија на последните седум првенствени натпревари и примија вкупно 16 гола , а постигнаа само еден. Значи, за Арсенал „страчките“ се како глинени гулаби.

Њукасл беше во серија од четири победи, а потоа распоредот му ги донесе двата најтешки противници во Премиер лигата - гордо загуби од Ливерпул со 1-0, додека од „Итихад“ си замина со пет гола во сопствената мрежа. Кога станува збор за Арсенал, „топџиите“ сакаат да гостуваат на „Сент Џејмс Парк“ - тоа го потврдува и податокот дека во домот на Њукасл победија на седум од последните осум дуели.

>>> Сите квоти на мечот Њукасл - Арсенал во MOZZART

Во последно време лондонскиот клуб демонстрира голема различност во напаѓачката игра. Откритие е Еди Нкетиа кој постигна четири гола на последните четири натпревари, а во последно време стрелаат и дефанзивците Габриел, Холдинг и Таварес, потоа Гранит Џака, како и еден од најдобрите играчи на тимот на Артета оваа сезона, Букајо Сака.

Нема дилема дека Арсенал, кој има шанси да ја заврши сезоната на третото место, ќе оди на победа. До дербито на Северен Лондон против Тотенхем во четвртокот, тимот од „Емирати“ беше во серија од четири првенствени победи и тоа какви - прво падна Челзи (2-4), па Манчестер Јунајтед (3-1), па Вест Хем  (1-2), и на крај Лидс.