ВИДЕО: Стопер како да е центарфор ја изненади Шкендија во Разград

Екипата на Лудогорец уште во раната фаза постигна гол и дојде до предност во дуелот со Шкендија (1-0) во рамки на плеј-офот од Лигата на Европа.

Уште во деветтата минута, Видал се прошета по левата страна, биеше, но Гаје го прочита неговиот обид, меѓутоа на топката налета стоперот Едвин Куртулус кој реагира како да е центарфор и со силен шут ја стресе мрежата на македонскиот првак.

Вкупниот резултат во плеј-офот од Лигата на Европа сега е 2-2.