СТОП за трансферите на Флорентино: Прво продажба, потоа нови купувања!

Финансиските книги ќе стават стоп на големото трошење на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Имено, се очекува само официјализација на трансферот на Менди од Лион, а тој ќе биде петти новајлија ова лето. Ништо не е ни невообичаено, но чудно за Флорентино Перез, но првпат по воведувањето Реал Мадрид се соочува со финансискиот фер-плеј.

Имено, „кралскиот клуб“ нема да може да купува други фудбалери ова лето, ако претходно некого не продаде. Така, се предвидува дека најтрофејниот клуб во Примера ќе се ослободи од Бејл, Родригез, Иско, Асенсио...

Во најоптимистичките најави касата на Реал Мадрид ќе се наполни за 300 милиони евра. Но, најголем проблем е Бејл кој не мрда од Мадрид, а скоро никој европски клуб не дава 17 милиони евра по сезона за Велшанецот.

Ако Перез успее да го продаде Бејл и да не мора да му ја плата астрономската плата, тогаш Реал Мадрид полесно ќе тргне кон последната цел во овој преоден рок, а тоа е фудбалер за врска. Според медиумите блиски до Реал Мадрид, Погба или Ериксен ќе биде следниот креатор на играта на поранешниот европски шампион.