• Редакција Gol.mk
Некогашниот шампион на Македонија, прилепска Победа конечно победи во натпревар за второлигашки бодови. Во саботата на „Гоце Делчев“ падна Саса со 2-1, со што тимот на Јане Николоски за момент избега од опасната зона.
До бодовите со кои се избега од опасната зона, Победа дојде со тим составен од младинци. Кога ќе се погледне составот на прилепчани на последниот натпревар со Саса на кој се дојде до три бода, само двајца фудбалери не се младинци.
„Со максимална посветеност трите бода заслужено останаа во Прилеп. Ова е чекор напред да да останеме второлигаши, Многу важни бодови за нас како тим, за соблекувалбата и за нашиот град. Целта е да продолжиме вака мобилизирани и обединети“, рече голманот Антонио Столевски.
В сабота попладне екипата на Победа гостува кај третопласираниот тим на Детонит Плачковица. Радовишани се најдобриот домаќин во лигата и не примиле ниту гол и не загубиле бод на домашен терен.