ВИДЕО: Столевски е кошмарот за Пелистер – пенали читаше како „пантер“!

Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а најголемиот резултат за клубот го донесе голманот Антонио Столевски кој беше херој во пенал-серијата.

Столевски фати четири пенали, од кои три беа регуларни на крајот. Едниот од одбраните беше на Кире Ристевски, меѓутоа беше повторен со ВАР заради порано напуштање на гол-линијата и заврши со гол.

Околу прочитаните пенали, тоа беа на Давид Ангелевски при 3-3, на Јован Мрмачовски при 4-4 и на Петар Петковски при 5-5. Маестрално издание на Стоилевски, кој донесе многу голем резултат за Шкендија Арачиново.

Претходно, во регуларниот дел, Антонио Столевски одбрани и пенал на капитенот Мирко Ивановски.