• Редакција Gol.mk
Меѓу Победа и Куманово еден тим попладнево ќе остане во Втората лига, а еден ќе испадне во понизок ранг. Во дуелот во Ѓорче Петров нема фаворити, а иако како клуб искуството е на страната на Победа, во овој тим играат многу млади момците.
Еден од предводниците е капитенот Антонио Столески, кој верувам во успех против најдобриот третолигаш.
„Нашата цел е опстанок во лигата и се наоѓа на деведесет минути до исполнување на целта. Сакам да ги повикам нашите навивачи да ни дадат поддршка на баражот во Скопје и заедно верувам дека ќе успееме. Победа и Прилеп заслужуваат елитен фудбал, а не сакам ни да помислам на неуспех и испаѓање“, рече капитенот на Победа.
Во баражите се игра еден натпревар. Во случај на нерешен резултат, веднаш се пристапува кон изведување пенали. Дуелот Куманово - Победа се игра попладнево од 17:00 часот.