• Мартин Танасковски
Столе Димитриевски на гостувањето во „Лазаров Подкаст“ говореше и за инцидентот со Винициус Жуниор на натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кога ѕвездата на кралскиот клуб му се вдаде во лице на Македонецот и направи инцидент.
„На натпреварот со Рајо кој беше 0-0 со Реал Мадрид, топката излезе во корнер и јас сакав да задржам време. Вини дојде и ме турна во обид да ја земе. На тоа му одговорив: „Вини, згреши што ме турна“, а тој ми одговори дека „многу зборувам“. Пак го провоцирав потоа дека многу паѓа, сака да шутира пенали, а тој се налути. Имавме уште една интересна конверзација, си разменивме зборови и му замавнав, а тој се запали и ме викаше да се тепаме надвор.
Во вториот меч (со Валенсија н.з) тој тоа го имаше запаметено. Во текот на цела средба си разменувавме зборови. Ова беше десетина дена откако не доби Златна топка. Цела трибина му скандираше дека е лош, а тој се изнервира. Го видов дека е напнат, почнав да му довикувам да се фокусира. Во вториот дел почна да паѓа, а јас во еден момент го фатив за дрес. Тогаш го испровоцирав и ме фати за лице, па веднаш паднав. Судијата му даде црвен картон, а тој збесна и почна да прави хаос. По мечот мене и партнерката нè нападнаа многу Бразилци на социјалните мрежи.“, раскажа Димитриевски.
Шпанските медиуми беа преплавени од инцидентот меѓу Винициус и Столе Димитриевски при нивното последно соочување во елитното друштво. Тема на дискусија беше црвениот картон кој го доби напаѓачот на Реал Мадрид, а мислењата беа поделени.











