• Горан Упале
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски успешно заздравува од лесна повреда на левото рамо и наскоро ќе се врати во стројот на Валенсија, пишуваат шпанските медиуми.
Повредата го спречи да тренира во последниот период, но се очекува утре да им се врати на тренинзи, а во сабота веќе да биде во конкуренција за мечот против Борусија Менхенгладбах во Германија.
Неговото заздравување напредува побрзо од очекувањата, што е позитивно за Димитриевски, кој во новата сезона ќе се бори за место во стартната постава. Со заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул, доколку сè биде според планот, Димитриевски би можел да стане прв избор за голманската позиција во Валенсија.
Македонскиот чувар на мрежата во тимот од „Местаља“ се пресели минатото лето, по успешните настапи во дресот на Рајо Ваљекано.



