ВИДЕО: Столе со „чиста мрежа“, Рајо промаши пенал и одигра реми со Хетафе

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски одржа „чиста мрежа“ во дуелот против Хетафе (0-0), во рамките на деветтото коло на шпанската Примера. Кумановчанецот првпат по 13 август и блескавиот натпревар со Барселона запиша натпревар без примен погодок, но и покрај тоа неговиот тим не успеа да дојде до победата. 

На дуелот во Ваљекас македонскиот чувар на мрежата запиша неколку интервенции, меѓутоа Хетафе беше инфериорен и не прати посериозни закани. На оваа пресметка иако Рајо беше во подобра позиција, играше поопасно и притискаше, сепак не успеа да дојде до трите бода. 

Домаќинот од предградието на Мадрид има за што да жали, бидејќи на стартот на второто полувреме Фабрицио Ангилери играше со рака и Рајо доби пенал. Одговорноста ја презеде Оскар Трехо, меѓутоа неговиот удар од единаесет метри го скроти голманот Давид Сорија. Мрежата на Хетафе се тресеше само еднаш, меѓутоа Фалкао стрелаше од офсајд позиција. 

  • Извештај од натпреварот: 

Рајо Ваљекано по девет одиграни натпревари има 11 бода на десеттото место, но Селта и Мајорка можат да го минат. Од друга страна Хетафе со три помалку е на 14. позиција. 

Состави

Андони Ираола

4-2-3-1

    Quique

    5-3-2