• Горан Упале

Екипата на Рајо Ваљекано им се врати на победите во Примера, откако по двата врзани порази во претходните две кола, вечерва славеше сигурна победа над Алавес од 2-0, во првиот натпревар од петтото коло во шпанскиот шампионат.
Македонскиот голман Столе Димитриевски по повредата која ја заработи против Италија, за време на репрезентативната пауза, се врати на голот и вендаш имаше одлична партија. Незаменливиот меѓу стативите во таборот на Рајо трет пат оваа сезона ја сочува својата мрежа незатресена и со својот перформанс потврди дека повредата веќе е минато.
Резултатот го отвори Палазот во финишот од првиот период, кога беше прецизен од најстрога казна, додека точна на натпреварот стави Де Фрутос во 82. минута.