Столе првпат бранеше сезонава, Валенсија рутински до трето коло во Купот на Кралот

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски за првпат сезонава се најде меѓу стативите на Валенсија. Во натпревар од Купот на Кралот македонската „единица“ ја сочува мрежата против УД Мараcена, а неговиот тим извојува убедлива победа од 0-5. 

„Лилјаците“ домашниот отпор го скршија дури во второто полувреме. Дуро прв ја затресе мрежата на Мараcена, а потоа Раба зголеми на 2-0. Лопез и Риоха ја одведоа Валенсија на убедливи 4-0, а точка на победата стави Данџума во 80. Минута.

Гостинска победа извојува и тимот на Кадиз над Мурсија (1-3), а најубедлив беше Хетафе кој на Интер Де Валдеморо му даде дури 11 гола. 

Пласман во следното коло обезбедија и Џирона и Овиедо кои по продолженија ги елиминираа Констансиа (1-1, 2-3) и Оуранзе (2-2, 4-2).