Столе пристигна во Валенсија: „Она што најмногу ме импресионира е Местаља“ (ВИДЕО)

Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски, наскоро и официјално ќе стане нов член на шпанска Валенсија. 

По завршувањето на репрезентативните обврски Димитриевски се упати за Валенсија, каде утрово треба да изврши редовните медицински прегледи, а потоа да стави потпис на договор со клубот од „Местаља“.

Нашиот голман на аеродромот во Валенсија беше пречекан од бројни фанови на Валенсија, а присутни беа и голем број на медиуми, на кои им се обрати:

„Многу сум среќен. Ќе го носам дресот на овој голем клуб. Најмногу од сè ме импресионираше стадионот и навивачите“, рече Димитриевски.

30-годишниот чувар на мрежата во Валенсија преминува од редовите на Рајо Ваљекано, каде ги мина претходните пет сезони.