ВИДЕО: Столе остана на клупата, Валенсија во 93. минута испушти победа

Екипата на Валенсија никако да победи во Примера. Беше на прагот да слави кај Севиља, меѓутоа со доцен гол домашниот тим дојде до бод (1-1) со ривалот кој се бори за опстанок во шпанската елита.

Тимот има осум натпревари во низа без победа во Примера, а во скоро два месеца се радуваше само во Купот на Кралот. Севиља можеше да биде пресвртница за тимот на Корберан, но пресуди едно невнимание во финишот.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а резултатот Валенсија го отвори во 61. минута кога Риоха погоди по асистенција на Дуро. Гостите водеа се до финишот, кога во 92. минута Педроса реализира за 1-1 и ги остави „лилјаците“ заковани на дното во Примера.

Столе Димитриевски на овој натпревар се пресели на клупата, предност пред него доби Грузиецот Мамардашвили. Во следното коло Валенсија ќе му биде домаќин на Реал Сосиедад.

Попладнево и Еспањол и Леганес, два тима кои оваа сезона се вратија во Примера, играа без победник (1-1).