ВИДЕО: Столе остана на клупа, Валенсија конечно победи и го сруши Сосиедад

Екипата на Валенсија ја забележа само третата победа сезонава во Примера, откако пред своите гледачи го надигра Реал Сосиедад со минимални 1-0 (1-0) во натпреварот од дваесеттото коло. 

Стрелец на единствениот погодок беше Хуго Дуро во 26. минута, кој донесе големи три бода за својот тим во борбата за излез од опасната зона на табелата. Сосиедад допатува како фаворит на ова гостување, имаше поголем посед на топката, но само двапати се обиде во рамките на голот и не успеа да извлече ниту бод. 

„Лилјаците“ одиграа квалитетен меч и донесоа голема радост за своите фанови. На голот кај домаќините се врати Гиорги Мамардашвили, што автоматски значеше дека Столе Димитриевски ќе биде „прекомандуван“ на клупат. Валенсија сега има 16 бода, три помалку од Еспањол, а Реал Сосиедад е седмопласиран со вкупно 28 бодови. 

Попладнево без победник заврши дуелот на Осасуна и Бетис (1-1).